Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2,4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,9 %, Капитални производи за 8,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4 %.






