Одбележување на 121 година од Илинденското востание ќе има на Мечкин камен, каде владината делегација на 2 Август ќе ја предводи македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Во Скопје денот на Републиката ќе се одбележи со манифестација на тврдината Кале, каде обраќање ќе има претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши. Годинава се одбележуваат 80 години од првото заседание АСНОМ и 121 година од Илинденското востание.