Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, соопшти РКЕ. Кај дизелот цената е зголемена во просек за 1,604%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,151% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,055%.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата
за формирање на цените изнесуваат:
за бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, и сега изнесува 84 ден/лит;
еуроспупер БС-98, се намалува за 3 ден/лит, и сега изнесува 85,50 ден/лит;
цената на еуродизел (Д-Е V) не се менува – 95,50 ден/лит;
цената на eкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50
ден/лит и ега изнесува 92,50 ден/лит;
мазутот М-1 НС, се намалува за 0,663 ден/кг – 50,410 ден/кг.
Еве кои се цените на бензините во Македонија во споредба со регионот:
Македонија
95 – oд 1,32 евра до 1,37 евра за литар
98 – од 1,34 евра до 1,39 евра за литар
дизел – од 1,5 до 1,55 евра/л
Хрватска
95 – од 1,62 до 1,81 евра/л
100 – од 2,04 до 2,2 евра/л
дизел – од 1,73 до 2,14 евра /л
Србија
95 i 95 premium – од 1,6 до 1,83 евра/л
100 – од 1,77 до 1,8 евра/л
дизел и дизел премиеум – од 1,81 до 1,95 евра/л
Босна и Херцеговина
95 – 1,37 евра за литар просечна цена
98 – 1,33 евра за литар просечна цена
дизел – 1,74 евра за литар просечна цена
Словенија
95 – 1,59 евра/л
100 – 1,85 евра/л
дизел и дизел премиум – од 1,7 до 2,01 евра/л
Црна Гора
95 – 1,52 евра за литар
98 – 1,56 евра за литар
дизел – 1,57 евра за литар.
Во Грција и во Албанија дизелот е повеќе од 2 евра за литар.






