вторник, 10 март 2026

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје

Попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, двајца државјани на Босна и Херцеговина, двајца државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација беа целосно покриени од државата.

Во текот на утрешниот ден се очекува во Приштина да пристигне третата група граѓани, за кои е предвидено да полетаат од Ријад, Кралството Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ