Станува збор за дивоградба која во моментот на интервенцијата била во приземје, односно во карабина фаза. И покрај тоа што претходно било издадено решение од градежен инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, инвеститорот продолжил со градежни активности, со што директно го прекршил Законот.
Акцијата започнала во 05:00 часот наутро, по претходна координација со Министерството за внатрешни работи и фирмата задолжена за уривање. Како што информира Стефковски, на истата локација биле спречени и обиди за изградба на уште два нови објекта, кои биле во почетна фаза, со ископани темели, веднаш до објектот што се рушел.
Градоначалникот посочи дека ова е втора акција за уривање дивоградби во рок од само седум дена и упати апел до граѓаните да не започнуваат со градба без соодветно одобрение од општината.
„Компромис со почитување на Законот ниту сум правел, ниту ќе правам“, порача Стефковски.






