недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Втор круг ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг, и тоа Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Сарај. Според првичните резултати на Државната изборна комисија, изборната трка продолжува во четири општини, во кои граѓаните ќе гласаат во втор круг, а тоа се Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.

Објавено на

часот

Сподели

Во Аеродром, во првиот круг, во водство е Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 49,09 отсто од пребројаните гласови, одонсно 16.225 гласа. Зад него е Александар Трајановски од СДСМ, кој има 20,79 отсто или 6.872 гласа. Трет е Марјан Димитриев од Левицата со 19,44 гласа, а со речиси 400 гласа помалку од кандидатот на социјалдемократите.

Во Центар од 100 отсто пребројани гласови, најмногу освои Горан Герасимовски од СДСМ – 38,19 отсто или 8.535 гласа. Тој во вториот круг ќе се „трка“ со Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 25,54 отсто од гласовите или 5.797 гласа.

Во Карпош најмогу гласови освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, со 34,51 отсто, а зад него е актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 29,40 проценти од глсовите.

Во Шуто Оризари, пак, во вториот круг ќе се соочат Курто Дудуш од Унијата на Ромите, кој освои 36,43 проценти од гласовите, и Ерџан Демири од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 20,81 отсто.

Втор круг ќе има и за градоначалник на Скопје, каде во трка се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левицата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ