петок, 19 декември 2025

Втор конгрес на Движењето ЗНАМ, денеска во Скопје

Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија денеска во Скопје ќе го одржи вториот Конгрес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од ЗНАМ, претседателот на Движењето Максим Димитриевски ќе има обраќање на Конгресот, а по завршувањето на работниот дел на конгресот, тој ќе даде изјава за медиумите.

„Движењето ЗНАМ не е само политичка партија – тоа е завет, обврска и надеж за Македонија! Македонија не се гради со празни фрази, туку со храбар избор – избор да останеш, да не се откажеш, да се бориш. Тоа е духот на ЗНАМ, и тоа е силата на нашата генерација! Ова движење е резултат на длабоко чувство на одговорност, историја и љубов кон државата. ЗНАМ е родено од потребата Македонија да застане на нозе, да се ослободи од безнадежноста и повторно да верува во себе. Движењето ЗНАМ е доказ дека политиката може да биде чесна, визионерска и насочена кон народот“, порача Димитриевски вчера во воведното обраќање на панел-дискусијата насловена „Посветеност – Отчетност – Резултат“, по повод одбележување една година учество на Движењето во Владата.

Од уличен протест, ЗНАМ изгради, рече тој, сериозна платформа за реформи, транспарентност и правда и носи конкретна промена во ресорите што ги води – јавната администрација и правдата.

“Ги тргаме и ќе ги тргнеме во целост партиските канџи од институциите. Администрацијата не е повеќе плен, туку сервис за народот. Професионализам и квалитет, пред партиски квантитет. Во правосудството, ја почнавме најважната битка: битката за правда без калкулации, без страв и без компромиси“, потенцира Димитриевски.

ЗНАМ, дополни тој, е автентично движење, кое ја враќа политиката кај граѓаните и ја отвора вратата на иднината.

„Не почнавме од нула – почнавме од минус. Но не побаравме алиби. Ветивме работа – и испорачавме резултати. Денес Македонија не само што се крева – туку чекори напред со самодоверба и јасна визија! ЗНАМ не е обична политичка организација.
ЗНАМ е завет пред народот, обврска пред историјата,гласот на генерациите што сакаат праведна, стабилна и силна Македонија“, порача претседателот на движењето, пред вториот конгрес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ