четврток, 2 април 2026

Вселенскиот патријарх Вартоломеј со огласително слово на македонски јазик за почетокот на великиот пост

Вселенскиот патријарх Вартоломеј објави огласително слово на македонски јазик пред почетокот на велигденските пости. На страницата на Вселенската патријаршија помеѓу словата на неколку  различни јазици стои и огласително слово на македонски.

Објавено на

часот

Сподели

Патријархот вселенски со зборовите сечесни браќа Архијереи и чеда благословени во Господа, вели во ова благословено време јасно се открива духовното богатство и динамиката на црковниот живот и спасителниот принос во сите свои пројави. Светата и велика четириесетница е време на благопријатно духовно, душевно и телесно очистување и вежбање преку постот, кој не смее да се почитува за да биде видено од луѓето вели патријархот и додава туку со простување на луѓето, исповест ќе бидат простени гревовите од Бога.

Многу се поучивме од безизлезната и самооправдувачка гордост на фарисејот, од неплодниот етицизам и жестокосрдечноста на постариот син од параболата за заблудениот, и од нечувствителноста и осудата на оние кои беа незаинтересирани за гладните, жедните, странците, голите, болните, и затворените „најмали браќа“ на Судијата. На сите нас ни се откри вредноста и моќта на смирението и покајанието, на простувањето и милосрдието, ставовите на чие негување Црквата настојчиво нè повикува во периодов што започнува“, стои, меѓу другото, во огласителното слово на Вартоломеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ