сабота, 12 јули 2025

Врие во Кочани – тепачка во Советот на општината, повредена е една од вработените (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи попладнево во Советот на Општина Кочани кога по претходна вербална расправија меѓу двајца советници, советникот Аки Акиов со шише во глава ја удри и ја повреди Ана Кралева, правничка, вработена во општина Кочани.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

В

Инцидентот се случил откако почнала вербална расправија полна со навреди помеѓу советниците Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Мирче Стојков.

Сето ова се случувало додека на дневен ред била точката да се воспостави меѓуопштинска соработка меѓу Кочани и Струмица за да обезбедат инспектори за заловување кучиња.

По ова, Акиов видно вознемирен прво зема фотелја во рацете, а само момент потоа фрлајќи шише ја погоди, ја удри и ја повреди Ана Кралева, правничка вработена во Општина Кочани. По ова, Кралева се струполи на подот, советниците ѝ притрчаа на помош.

Видео: ТВ Кочани

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ