Од АХВ информираат дека се земенени примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.
Времено затворена сендвичарница во Штип поради можно труење со храна
По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, како што информираат од АХВ, пет лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.

Објавено на
часот





