Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките споредено со априлскиот просек. Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово во 07:30 часот покажуваат дека е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје Железнички мост, Лепенец, Велес и Демир Капија.
УХМР регистрира зголемен водостој и на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово и Штип, Црна Река кај Новаци.