Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа укажа дека „пристапувањето мора да биде кредибилен процес заснован единствено на Копенхагенските критериуми, а Унијата мора да ги брани своите принципи и вредности“.

„Двојните стандарди го комплицираат процесот и не смеат да се уважуваат. Според неа, членството во ЕУ е најдобриот начин за отпорност на регионот на трети центри на моќ. Сиљановска-Давкова нагласи дека во регионални рамки го надминуваме просекот на усогласеност со европското законодавство во сите шест кластери, стопроцентно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и заслужуваме да бидеме охрабрени и да добиеме шанса за почеток на преговори“, се наведува во соопштението.
Во дискусијата „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“, со којашто модерираше претседателот на Европското движење во Црна Гора, Момчило Радуловиќ, учествуваше и црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ.
„Учесниците се заложија дека земјите на Западен Балкан мора стратешки и усогласено да пристапат кон справувањето со феноменот на „одливот на мозоци“, информира Кабинетот на Сиљановска Давкова.






