понеделник, 15 декември 2025

Вреди: Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата?

Таравари нека им се објасни на гласачите: Кој зорт го натера да биде посредникот на Али Ахмети кај Мицкоски? По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го натера да ја преземе улогата на посредник на Али Ахмети и на Артан Груби кај Христијан Мицкоски?, се наведува во соопштението од Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Понатаму во соопштението, од некогашната коалиција на Таравари му поставуваат уште неколку прашања.

„Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата? Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати ‘политичкиот труп’, како што го нарекуваше тој? Тој им ги должи овие одговори на граѓаните кои пред неколку месеци побараа гласови за промената на злото наречена ДУИ.

Денес нема сомнение дека планот на Артан Груби и Арбен Таравари беше јасен за соборување на Вреди како претставник на волјата на Албанците и враќање на ДУИ на власт низ прозорецот, откако народот ја исфрли низ вратата“, се вели во соопштението на Вреди.
Исто така, се констатира дека целата јавност видела како Таравари, во телевизиските емисии, ги навредувал Вреди и нејзините гласачи, додека го фалел премиерот само за да остане во Владата.

„На идентичен начин, ДУИ во кампањата спомена ‘кексови и гурабии’ и ‘чизми на таванот’, додека во собата 161 во Собранието молеше по секоја цена да остане во Владата, дури и без претседател на Собранието на Република Македонија, само Вреди да не ги претставува Албанците.
Прашањето што се поставува е следново: Што го натера Таравари да го изврши ова политичко самоубиство? Дали беше прашањето за ‘Ѓока констракшн’ или некоја уцена од неговиот близок пријател, Фатмир Меџити, оној кој, покрај директорската плата, го вработил за илјада евра месечно?“, прашуваат од Вреди.

Од коалицијата Вреди порачуваат дека ќе продолжат да го штитат гласот на Албанците од валкани политички пазарења

„Денес е јасно дека планот на Артан е уништен и маските паднаа. Таравари заврши во скутот на Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Бујар Османи и целата политичка каста што владееше со оваа земја 20 години, но не реши ниту еден од проблемите на Албанците. Вреди ќе продолжи да го штити гласот на Албанците од валкани политички пазарења“, завршува соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ