„Денеска, со објавувањето на Јавниот повик бр. 04/2025, правиме уште еден чекор напред во модернизацијата на земјоделскиот сектор преку директна поддршка за набавка на нови трактори. Овој повик е дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, а има за цел зајакнување на нашите фарми преку модерна механизација, бидејќи нема силно земјоделство без силна опрема.
Главни детали за мерката 121.8, Набавка на трактори: поддршка до 600.000 денари за секој апликант; плаќањето се врши врз основа на бизнис планот и на годишна основа; повикот важи исклучиво за набавка на трактори; аите фарми регистрирани во Единствениот регистар на фарми при Министерството за земјоделство имаат право да аплицираат; апликантите кои добиле субвенции за трактори во текот на последните 10 години преку ИПАРД или национални програми се исклучени. Рокот за поднесување на апликации е до 7 јули.
Цврсто стоиме зад нашите земјоделци затоа што знаеме дека без нив нема храна, нема економија, нема живот. Ова е само една од конкретните мерки што навистина го трансформираат нашето земјоделство во приказна за успех. Земјоделството не е пропаганда, туку национален приоритет“, се вели во соопштението на Вреди.