„Но, за разлика од времето кога ДУИ беше дел од власта и ваквите случаи се прикриваа и игнорираа, денес државата реагира брзо, решително и транспарентно. Јавното обвинителство веќе отвори случај, а Министерството за внатрешни работи води истрага и веќе ги повикува осомничените. Ова е доказ дека денес институциите функционираат. Денес државата не се крие, не се обидува да го релативизира проблемот и не штити никого“, се вели во реакцијата на Вреди.
За разлика од ова, во времето на ДУИ беа прикривани многу потешки случаи на насилство, дискриминација и трагедии, без ниту една оставка и без никаква одговорност, велат од коалицијата Вреди и наведуваат случаи од минатото, за кои велат дека од ДУИ молчеле.
„Монструм, каде Албанци беа обвинети како терористи без докази; Диво Насеље, каде 10 Албанци беа убиени во сомнителна полициска акција; случајот Алфа, монтиран процес со неправедни пресуди; убиството на Харун Алиу, поранешен борец на ОНА, под неразјаснети околности; Скопје 2014 – проект без ниту еден албански елемент во срцето на главниот град; Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје; 27 април, кога албанските пратеници беа тепани во Собранието, без вистинска политичка реакција; модуларната болница во Тетово, каде загинаа невини граѓани – без оставки и одговорност;
Дурмо турс и Беса транс, каде загинаа десетици и десетици Албанци, а ДУИ молчеше и никој не одговараше.
ДУИ денес зборува за патриотизам и достоинство, но ја заборава својата темна историја на молк, сервилност и прикривање на трагедии.
Нашата порака е јасна: Денес државата не молчи. Денес има реакција, истрага и одговорност. ДУИ треба да престане со празни зборови и да се соочи со вистината за својата дведецениска историја на политички срам“, велат од коалицијата Вреди.






