„Ова не е грешка. Не е толкување. Не е политичка дебата. Ова е сериозна злоупотреба на јавни пари. Документот постои. Бројката постои. А документот е потпишан од Арбен Таравари.
Таков случај не постои во ниту една општина во Македонија. Ваква злоупотреба од ваков обем не е пронајдена ниту во општините во регионот. Ова е доказ за срам и институционална неодговорност. Затоа, одговорноста не е колективна, ниту апстрактна. Одговорноста има име и презиме: Арбен Таравари“, категорични се од Вреди.
Од коалицијара истакнуваат дека не зборуваат со предрасуди, туку со факти.
„А фактите не можат да се сокријат, ниту да се релативизираат, без разлика колку гласно се извикува за нив. Ова е моделот на управување што го искусија граѓаните на Гостивар: луксуз за владата, сиромаштија за граѓаните; неконтролирано трошење, недостаток на одговорност и презир кон јавниот интерес.
На 11 јануари завршува оваа приказна. Граѓаните на Гостивар ќе зборуваат јасно и со еден глас за Невзат Бејта. Ќе го испратат Арбен Таравари и неговата политичка клика на политичкото дно, исто како што потона на 11 октомври неговата селотејп коалиција позната како НАИ.
Вреди не го прикрива криминалот, не ја релативизира корупцијата и не преговара со вистината. Гостивар заслужува правда, чесност и нов почеток. Времето за злоупотреба заврши“, порачуваат од Вреди.






