сабота, 31 мај 2025

Вреди: Во октомври победуваме насекаде

Откако 20 години крадеа, измамуваа и уништуваа секоја албанска надеж, сега без срам излегуваат и бараат граѓаните да им дадат уште една шанса. Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ, која секоја институција ја претвори во партиска гранка, која ги омаловажуваше интелектуалците, која ги предаваше правата на Албанците на ниски адути за преговарање, денес се плаши од правда. Вреди е одговорот на Албанците на оваа скапана политики.

Вреди е на власт за да ја спроведе промената за која Албанците гласно бараат и нема да застане сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја.

Во октомври, на локалните избори, Вреди ќе победи во сите албански општини. Вреди во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните.

Времето на ДУИ заврши. Ветерот на промените започна и никој не може да го запре.

Вреди победува, Албанците победуваат“, соопшти коалицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ