„Свесни сме за политичката игра на ДУИ, која од жед за моќ и страв од правда, се стреми кон Пржинска влада, но тоа е невозможно и никогаш нема да се случи. За нас е необјасниво зошто Арбен Таравари стана дел од оваа игра на Али Ахмети за да се спаси себе си и своето семејство.
Сепак, сакаме да ја информираме јавноста дека единствените избори што ќе се одржат се локални избори, на кои ќе донесеме промени и конечно ќе го победиме криминалот, корупцијата и неспособноста на ДУИ и нејзините функционери во текот на изминатите 23 години“, соопшти Вреди.