понеделник, 15 декември 2025

Вреди утврди 14 кандидати за градоначалници, сѐ уште „висат“ Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка

Примарна цел на претседателството на Вреди е на претстојните локални избори да ги предложи најприфатливите кандидати за граѓаните, градоначалници кои ќе им служат на нивните локални интереси, се наведува во денешното соопштение од Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Вреди, во Тетово, кандидат ќе биде актуелниот градоначалник, Билал Касами, во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити, во Струга, Вреди го поддржува независниот кандидат Менди Ќира, во Кичево ќе го кандидира министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, во Дебар, кандидат на Вреди ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела. Во Градот Скопје, Вреди го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги на Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу, во Сарај, кандидат ќе биде директорот на претпријатието Номагас, Мухамед Елмази, во Липково директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику, во Арачиново Даут Беќири, во Желино актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу, во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши, во Боговиње, Фети Абази, во Брвеница, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани и во Долнени, кандидат ќе биде Блерим Ислами.

„Сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка. Во разговори сме со неколку кандидати секогаш обидувајќи се да понудиме најдобри имиња за овие општини. Тука нагласуваме дека сите овие се кандидати на Вреди и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Всушност, освен што се кандидати на Вреди и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност“, се наведува во соопштението на коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ