понеделник, 8 декември 2025

Вреди: Таравари-Села-Ахмети, селотејп коалиција за лаги и измами

Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама, тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат, соопшти Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново, не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше Вреди, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами! Оваа коалиција се удира по гради за Албанците, но едниот е зафатен со тендерите на ‘Ѓоко Констракшан’, другиот за да ја спаси својата политичка кариера, додека последниот се труди да дојде на власт и да ги спаси членовите на своето семејство. Народот не е слеп и не јаде трева. Кога ги броеше тендерите и привилегиите, никој не му сметаше на Ахмети“, соопшти Вреди.

Денес, без власт, се обидуваат да се претстават како патриоти, се додава во соопштението.

„Но, секоја општина што ја водеа е во хаос. Нивниот патриотизам е како празно тенџере – прави многу врева, а внатре нема ништо. На 19 октомври, Албанците ќе го дадат заслужениот одговор“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ