„Оваа средба отвори нови хоризонти на економска соработка и ја потврди активната позиција на Северна Македонија, преку Вреди, во градењето стратешки партнерства со најмоќните глобални економии.
Двете страни го потврдија својот заеднички интерес за зголемување на трговската размена, која моментално изнесува 44 милиони долари, со цел надминување на ова ниво преку заеднички иницијативи и конкретни развојни проекти.
На состанокот беа разгледани повеќе прашања од стратешко значење, меѓу кои: организирање заеднички бизнис форуми и спроведување меѓусебни посети на економски делегации; создавање услови за саудиски инвестиции во сектори со висок приоритет за економскиот развој на земјата, како што се земјоделството, туризмот и одржливата инфраструктура; поддршка за развој на скијачкиот центар Попова Шапка во Тетово, како клучен проект за промоција на планинскиот туризам и економскиот развој на Полошкиот регион; поттикнување на халал сертификација на локалните производи, со цел зголемување на извозот и диверзификација на меѓународните пазари.
Економијата на Северна Македонија има значителен потенцијал, а со стратешки партнери како Саудиска Арабија, овој потенцијал може да се трансформира во конкретни проекти што ќе донесат развој, вработување и благосостојба за граѓаните“, соопшти Вреди.