вторник, 9 декември 2025

Вреди со иста артилерија ќе одговори на ДУИ, во Чаир Меџити против Османи

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври. Иајзвата на Меџити доаѓа откако опозициската ДУИ попладнево потврди дека поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник на Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Вреди деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција“, изјави Меџити во интервју за ТВ Канал 5.

Меџити рече дека и тие „ќе одговорат со иста артилерија“.

„Ако ДУИ оди со потпретседател и со членови кои биле кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи и ние ќе одговориме со иста ‘артилерија’“, изјави Меџити.

Тој рече дека граѓаните гледаат дека Ахмети и ДУИ немаат луѓе кои ќе трчаат на овие локални избори.

„Од 15 општини кои се со мнозинско албанско население, пред да почне трката седум-осум од нив ги даде на алијансите. ДУИ ќе се натпреваруваат само во седум општини. Мислам дека во сегашниве околности, каде ДУИ раководи со 11-12 општини, во најдобар случај може да смета само на седум општини. На овие локални избори даваат сè, само да си ја спасат кожата. Ние будно ќе ги следиме овие околности и случувања и ќе одговориме соодветно“, рече Меџити.

За актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и нападите од актуелната градоначалничка Данела Арсовска, тој ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје, туку само со општината Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ.

„Ако сме до дивоградбите, и кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, живее во дивоградба и затоа ‘не може да зборува за дивоградбите’, туку се скриени зад градоначалничката на Скопје, за да ја искористат за време на кампањата“, рече Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ