„Оваа нивна одлука не е само политички став, туку е чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на длабока трансформација во кој заедно започнавме. Во време кога личните интереси и пазарењето зад затворени врати се обидуваа да ја деформираат волјата на 107.000 албански гласачи, овие претставници покажаа дека политичкиот интегритет не може да се купи или отуѓи.
Пратеници, министри, директори, високи партиски функционери, раководители на ограноци, раководители на младински форуми и женски форуми, активисти од сите региони јасно и недвосмислено артикулираат дека не се со кланот и планот на Али Ахмети, туку со граѓаните, со надежта и со проектот за промени.
Вистинската Алијанса за Албанците, која се роди од потребата за фер и достоинствено претставување на Албанците, денес се наоѓа таму каде што природно припаѓа, заедно со Вреди и граѓаните кои веруваат во промени.
Оваа нова соработка не е само политичко усогласување. Тоа е сојуз на енергии, вредности и посветеност кон подобра иднина за сите. Ова е доказ дека ништо не може да го спречи проектот што извира од срцето на граѓанинот и кој има за цел еднаквост, правда и достоинство за секој Албанец.
Вреди е синоним и реалност на историските промени. Започнавме неповратен процес за да донесеме надеж таму каде што беше згасната, да им дадеме глас на оние кои беа игнорирани и да ја вратиме државата во служба на граѓанинот.
Добредојдовте во заедничкиот дом на промените“, соопшти Вреди.