понеделник, 8 декември 2025

Вреди се сомнева за проневери во МНР за конференцијата на ОБСЕ, додека министер беше Бујар Османи

Соминтелни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи. Денес сме овде да ја изнесеме вистината за новиот скандал поврзан со Министерството за надворешни работи и поранешниот министер Бујар Османи. Документите до кои дојдовме јасно укажуваат на сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки при организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, во декември 2023 година, се вели во соопштението од прес-конференцијата на Арбер Кадриу од Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за надворешни работи склучило договор вреден 56.640.000 денари за изнајмување возила за дводневна конференција. Во договорот, намерно или свесно, не било предвидено внатрешно контролно тело кое ќе потврди колку возила навистина биле користени, кој тип возила бил ангажиран и колку денови. Ова отвора сомнежи за класичен модел на злоупотреба и корупција“, велат од Вреди.

Според документите, цените за изнајмување на возила биле: ВИП автомобил – 29.000 денари на ден (без ДДВ); возило од средна класа: 23.000 денари на ден (без ДДВ): миниван 8+1: 19.200 денари на ден (без ДДВ).

„Да споредиме: само еден месец претходно, МНР склучило друг договор со истиот оператор за редовни потреби на министерството. Таму, истиот тип ВИП автомобил чинел само 9.500 денари со возач, што е три пати пониска цена од цената што Бујар Османи ја одобрил за конференцијата.

Ова е скандалозна злоупотреба – државата плаќала трипати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време!
Не станува збор за политички напад. Граѓаните мора да знаат какви се политичарите кои лажно им се претставуваат за безгрешни. Државниот завод за ревизија веќе има нотирано сериозни неправилности во работењето на МНР под водство на Бујар Османи и предметите се доставени до Јавното обвинителство“, беше кажано на прес-конференцијата на Вреди.

Според Вреди, тоа е јасен доказ дека не станува збор за административни грешки, туку за системска корупција на највисоко ниво.

„Имаме неколку прашања до Бујар Османи. Кој го потврдил бројот на возила и реализацијата на договорот? Зошто цените биле три пати повисоки за исти услуги и од ист оператор? Кој профитирал од ваквите криминални набавки?
Бујар Османи мора да даде одговори. Ваквиот начин на работење е класичен пример на политичка корупција, расфралње и трошење на државни пари за приватни интереси“, упатуваат прашања од Вреди до поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој на претстојните локални избори е кандидат на ДУИ за градоначалник на Општина Чаир.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ