четврток, 10 април 2025

Вреди: Сценариото на ДУИ за бојкот на локалните избори нема врска со наводна „деалбанизација“

Од коалицијата Вреди повторно се навраќаат на најавите за бојкот на локалните избори, наведувајќи дека наместо да дефокусираат со такви закани, ДУИ да одговорат дали тие се резултат на внатрешна кавга во нивниот коалициски фронт.

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети. Неговиот авторитет е целосно разнишан после скандалите со Артан Груби. Не може да наметне ниту едно решение, не може да ги консолидира редовите, бидејќи никој повеќе не му верува дека брзо ќе се вратат на власт.

Очајот оди дотаму што тера инает на администрацијата на САД и упорно ги држи блиску до себе и го оправдува поведението на кадрите на ДУИ што се на црната листа. На сценариото за бојкот и плановите на денот на изборите да се испровоцираат инциденти, претходела внатрешна кавга во фронтот на ДУИ. Темата била Струга. Затоа, наместо да ја дефокусира јавноста со лажна грижа за aлбанскиот јазик, ДУИ треба да одговори: Дали Ахмети му кажал на Села дека не може да се откаже од услугите на Рамиз Мерко? Дали е точно дека Артан Груби стои зад Рамиз Мерко заради нивни меѓусебни дилови? Дали е точно дека Зијадин Села му се заканил дека ќе ги бојкотира локалните избори во Струга, ако Рамиз Мерко не е исклучен од ДУИ?

Одговорите на овие прашања ќе го поткрепат нашето тврдење дека зад обидот да се предизвика политичка криза се крие страв од пораз заради внатрешни пресметки за да се заштитат поранешните корумпирани функционери на ДУИ и нивните блиски. Сценариото за бојкот нема ама баш никаква врска со наводната ‘деалбанизација’ за која лажно критикува ДУИ. Албанскиот народ ја препознава оваа политичка измама и жестоко ќе го казни ова предавство на претстојните избори“, се наведува во соопштението на Вреди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ