недела, 21 декември 2025

Вреди: Проблемот со универзитетите не бил законот, туку политиката на ДУИ

Потпишувањето на колективните договори со албанските високообразовни институции ја разобличи долгогодишната лага на ДУИ дека законските пречки биле причината за доцнењето на договорите, се вели во реакцијата на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Од Вреди тврдат дека потпишувањето на договорите докажува една вистина која со години се негирала – проблемот не бил ниту во законот, ниту во процедурите или институциите, туку исклучиво во политиката на ДУИ.

„Намерно оставени на чекање. Албанските универзитети не останале случајно без договори во минатото. Беа намерно оставени на чекање, беа принудени да излегуваат на протести и беа третирани како второстепена тема, секогаш кога рамноправноста не им одговараше на политичките интереси на ДУИ“, се вели во реакцијата на Вреди во која се потсетува и на периодот кога со институциите раководеше Талат Џафери, обвинувајќи дека во тоа време неправдата не само што не била корегирана, туку била и оправдувана.

„Во периодот кога Талат Џафери имаше институционална одговорност, оваа неправда не само што не се поправи, туку се оправдуваше и нормализираше. Тоа е факт што никој не може да го избрише.

Симболиката на потпишувањето на колективниот договор токму на денот на годишнината на универзитетот во Тетово, како и со универзитетот „Мајка Тереза“, означува крај на една политика на исклучување.

ДУИ имаше години на располагање. Имаше власт. Имаше институции, но немаше волја. Промашените политики не се рехабилитираат со конгреси ‘само за пред очи’, па затоа и нивните активисти со право прашуваат каде е реформата“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ