„Во најатрактивната мерка за вработување, самовработување за поддршка на претприемништвото, односно отворање личен бизнис, од вкупно 2.755 планирани нови бизниси, 1.896 се отворени од млади луѓе до 29 години. Ова е голем успех што докажува дека енергијата, креативноста и храброста на младите луѓе се двигател на економскиот развој.
Овие факти се повеќе од статистика: тие се жива надеж, тие се доказ за упорноста на нашите млади, кои не се откажуваат пред предизвиците, туку ги трансформираат во можности.
Поддршката на младите е незапирлив приоритет. Ние ќе продолжиме да бидеме покрај нив, давајќи им го сонцето на надежта, силата на упорноста и вербата дека иднината се гради со чесна работа и јасна визија“, соопшти коалицијата Вреди.






