петок, 23 мај 2025

Вреди: Пазарот на Таравари со ДУИ пропадна, нема предвремени парламентарни избори

Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна. Последната надеж и лага која ДУИ им ја сервира на своите членови, дека брзо ќе се врати на власт, е веќе минато, соопшти коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Не помогна ниту олигархија, ниту Соравија, ниту Лотарија. Ова е вистинското лице на срамот на ДУИ и синоним за злоупотреба на власта за богатење на семејството. Идејата за плурализам, демократија и борба против корупцијата победи на изборите, победи и во овие матни игри и повторни обиди за делење на албанското политичко ткиво. Али Ахмети веќе нема сила со поделби на Албанците да биде власт, да одлучува сам, да се богати неговата фамилија, да ги брка нашите деца надвор од државата.

Горди сме на демократијата и плурализмот, а ДУИ сака една партија да владее. Горди сме дека ги обединуваме Албанците, додека ДУИ ги дели. Горди сме дека донесовме  одговорност за корумпирани политичари, додека ДУИ сака да ги заштите криминалците од нивните фамилии. Ние сме демократска, а ДУИ е партија на едно семејство. ДУИ треба да се помири дека ќе остане во опозиција уште долги години. Народот е против ДУИ. Меѓународната заедница е против ДУИ. Стратешките партнери се против ДУИ. ДУИ е сама, изолирана и непосакувана од сериозните партнери. ДУИ остана во бродот што тоне осамена со корумпираните политичари кој сеуште ги контролира. Ние сме со народот, партнерите и победата“, соопшти Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ