„Дел од оваа работна група е и заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, од Вреди, која ќе ги надгледува сите потребни процедури, со цел овој проект да започне што поскоро и да оди напред со незапирливо темпо. Ние сме за дела, ние сме за промени! Не за ветувања, туку за конкретни резултати. Граѓаните заслужуваат проекти кои директно влијаат на нивните животи, а овој пат е еден од најважните.
Имињата на членовите на групата се веќе избрани од двете страни и работата ќе почне со највисока професионална посветеност. Во иднина се очекуваат блиска координација и брзи чекори кон фазата на дизајнирање и потоа имплементација на терен.
Доказ за сериозноста на нашата работа е и формално потпишаниот документ, каде се именувани членовите на работната група. Буџетот за фазата на проектирање на тунелот е веќе распределен во годишниот буџет на нашата држава, што гарантира финансиска стабилност и волја овој проект да се заврши до крај.
Патиштата нѐ обединуваат. Патот Тетово-Призрен ќе стане реалност“, соопшти Вреди.