Од партијата велат дека со освоени десет општини, им го одзеле алибито на оние што со години го сметале албанскиот глас за своја лична сопственост.
По поразот, одДУИ бараат виновници на сите страни, освен кај самите себе, а како „врв на апсурдот“ се обидуваат Блерим Беџети да го претстават како симбол на промена.
„Тоа е вистинското лице на ДУИ– партија која не е способна да се соочи со реалноста, дури ни кога губи“, порачаа од Вреди.
Во соопштението се додава дека разговорите за „анализа“ и „реформа“ се празни флоскули, бидејќи DUI никогаш не ја разбрала суштината на реформите. „За нив, власта не е алатка за служба на народот, туку кислород за преживување. Сега, кога власта им се излизга од рацете, тонат во паника и самозалажување“, велат од партијата.
Од Врединагласуваат дека додека ДУИ се соочува со внатрешна криза, тие продолжуваат напред со довербата на граѓаните, со чисти раце и со политика што му служи на народот, а не на лични интереси.






