„Бујар Османи не е кандидат на Чаир, тој е кандидат за својата кариера. Бара поддршка од Чаир, не за Чаир, туку за тој да се врати на власт. Ако сака да научи што е Чаир, нека прошета низ неговите улици и нека ја види вистинската состојба. Граѓаните на Чаир не сакаат повеќе празни политичари, кариеристи, туку сакаат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати. Не само што не донесе никакви проекти за Чаир, туку Османи не можеше ниту да го потисне своето его“, се додава во соопштението на Вреди.
„Тој ги исклучува и малкуте млади луѓе што останаа во ДУИ, користејќи ги како јарбол на партиските знамиња, а не како потенцијал за промени. Денес, таа младина се оддалечи од него и силно се придружува со Изет Меџити и со Вреди, бидејќи таму наоѓаат визија, перспектива и почит. На Чаир му треба работа и развој, а не политичар кој 20 години ја гледал оваа општина само како отскочна штица за својата лична кариера“, соопшти Вреди.






