Од оваа коалиција изразија благодарност до сите граѓани кои учествувале во гласањето, докажувајќи притоа како што беше речено висока демократска и граѓанска свест.
„Оваа е слика што ја посакуваме за нашата земја, еден фер и мирен процес кој покажува дека демократијата се зајакнува и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас“, потенцираа од Вреди.
Од оваа коалиција нагласија дека очекуваат добри резултати и победа во секоја општина.
Очекуваат од ДИК фазата на затворање и броење на гласовите да се спроведе во целосна транспарентност, прецизност и професионалност.
„Големата излезност во Чаир и во Сарај, ја покажува големата доверба на граѓаните кон политиките на коалицијата Вреди“, додаваат од Вреди.






