„Ставот на сите политички субјекти, внатре во Вреди, е да одиме со заеднички кандидати, заеднички листи, заеднички штаб, програма и платформа… Дури некаде, каде што има анализа и проценка дека треба да испаднеме и надвор од Вреди и да поддржиме независен кандидат, тоа и ќе го направиме. Градоначалниците се избираат по мнозински модел, додека системот за листите ги фаворизира големите и нема никаква смисла кога веќе сме кај големите да преминеме кај малите, бидејќи тоа ќе значи расцепување на гласови кои ќе одат во прилог на Демократската унија за интеграција. Тогаш се поставува прашањето за кого работиме. Сите политички аргументи одат во прилог да одиме со заеднички листи, а имајќи предвид дека има веќе иницијативата за Вреди да се претопи во една политичка партија, нема никаква дилема дека Вреди ќе има една листа, еден штаб и една програма“, рече Меџити.