Во соопштението се посочува дека Вреди подолг период предупредува оти зад, како што велат, „лажната грижа“ на ДУИ за правата на Албанците стојат тесни партиски интереси и обиди за богатење на партиското раководство.
„Поради занимавање со ‘купи-продај’, Ахмети немал време системски да ги решава суштинските прашања за Албанците, оставајќи зад себе половични и недоречени решенија“, се наведува во реакцијата, додавајќи дека, според нив, „доаѓа времето за одговорност“.
Од Вреди поставуваат и неколку прашања до јавноста и институциите, дали новиот имот на ДУИ во центарот на Тетово претходно бил во сопственост на Македонски Телеком, дали имотот бил префрлен на физичко лице, по што била склучена купопродажба со ДУИ и каква е поврзаноста со аферата „Маѓар Телеком“.
Во контекст на оваа афера, од Вреди потсетуваат дека поранешни директори на Телеком во 2017 година пред суд во Њујорк признале вина за исплата на мито од пет милиони евра на политичари од тогашната владина коалиција на СДСМ и ДУИ, со цел одложување на либерализацијата на телекомуникацискиот сектор.
Во постапката, како што се наведува, биле споменати имињата на Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулахим Касами.
„Нема повеќе простор Али Ахмети да глуми жртва. Митовите за него се рушат како кула од карти“, се додава во соопштението на Вреди.






