„Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во интерес на Груевски, Мијалков и кликите што ги ограбија и Албанците и Македонија. На оваа земја ѝ е потребна вистинска правда, а не закони прилагодени на каприците на политичарите кои се плашат од одговорност“, велат од Вреди.
Од Вреди истакнуваат дека поддржуваат одговорен пристап заснован на европските принципи во изработката на новиот Кривичен законик , кој бара длабинска анализа, професионално усогласување и вклучување на најдобрата правна експертиза.
„Нашиот пристап е јасен: на земјата ѝ е потребен современ кривичен законик, изграден врз принципот на еднаквост пред законот и со реален капацитет да обезбеди ефикасно казнување за корупција и злоупотреба на моќ.
Вреди беше првиот што побара зголемена одговорност за корупција на високо ниво, преку уставен амандман. Нашиот приоритет е едноставен, кривичен систем што ги штити граѓаните и правдата, а не оние што со години го користеа законот за да се исчистат од скандали“, порачуваат од коалицијата Вреди.






