„Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да одлучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини. Бараме Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи. Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека ‘пописот бил во рамки на договореното’, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција.
Очекуваме ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага. Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега – и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“, рече Сабриу.