На новинарско прашање дали наредната недела ќе биде официјализирана неговата кандидатура за градоначалник на Општина Чаир, Меџити кусо одговори дека ќе бидат официјализирани сите кандидатури.
Во врска со коалицирањето во некои општини со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Меџити вели тоа нема да биде ништо ново, бидејќи, како што рече, од деведесеттите до сега секогаш владините партнери се помагале.
„Ништо ново, како од деведесеттите до сега во плурализмот секогаш владините партнери се помагале и ќе се помагаат, како што и опозициските партнери ДУИ, Левица, СДСМ очекувам дека ќе се помагаат“, рече Меџити по потпишувањето на договорите за проекти финансирани преку инвестициските порограми на Министерството за животна средина и просторно планирање за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините.






