петок, 12 декември 2025

Вреди: Градоначалникот на Сарај наследи долгови од 4 милиони евра, направени од ДУИ

По повеќе од еден месец работа, вистината за тоа како беше уништена Општина Сарај сега е пред граѓаните, се вели во денешното соопштение од Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Близу 4 милиони евра долгови, сомнителни договори и нерегулирани трошоци се наследството што го пронајде градоначалникот Мухамед Елмази. Ова не е изолиран случај, туку модел на лошото владеење на ДУИ со години секаде каде што имале власт без контрола и без отчетност. Сарај е најчистиот пример за начинот на кој ДУИ управувала со општините, без ред, без одговорност и со логика дека институциите се третираат како лични феуди на нивните групи“, велат од Вреди.

Како што истакнуваат од коалицијата Вреди, денес Сарај започнува од нула – со финансиски ред, со целосна транспарентност и со администрација што работи само за граѓаните.

„Вреди го поддржува секој чекор на градоначалникот Елмази за документирање на злоупотребите и испраќање на сите случаи до надлежните органи. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена.

Граѓаните на Сарај ќе ја видат разликата помеѓу она што ДУИ го остави зад себе – долгови, сомнителни договори и хаос, и она што носи Вреди – ред, одговорност и јавна служба“, порачуваат од Вреди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ