Денес, Вреди е коректорот на свесните грешки на ДУИ. Нивните секојдневни напади врз нас се најјасен доказ дека знаат каде погрешиле и каде лежат нивните гревови. Тие се обидуваат по секоја цена да го омаловажат албанскиот граѓанин. За информација: во 2021 година, кога беше направен пописот, Вреди воопшто не постоеше, како може Вреди да ја преземе вината од ДУИ?
Нема амнестија за политичка вина. Нема да дозволиме бројките и достоинството на Албанците да бидат фалсификувани. Нема да дозволиме оние што го создадоа проблемот денес да бидат продавани како спасители.
Вреди ќе биде гласот што го брани секое албанско семејство, секој Албанец во дијаспората и секое прекршено право.
И конечно, да го потсетиме граѓанинот дека ова е дело на ДУИ: Исто како и со албанската дијаспора, која ја оставија надвор од пребројувањето, тие дејствуваа и со албанскиот јазик: го оставија на пола, без закон, без моќ.
Исто како и со пописот, каде што ги манипулираа бројките, тие дејствуваа и со вработувањето: над 10 години држеа луѓе со договори без регулиран статус. А денес, без срам, ги обвинуваат другите за своите грешки.
Нема повеќе да дозволиме неправда. Времето на измама заврши, сега е времето е на албанскиот граѓанин“, соопшти Вреди.






