понеделник, 15 декември 2025

Вреди: ДУИ не знае каде оди, зелена, сина, фронт, алијанса…

ДУИ и нејзините сојузници ја претворија политиката во игра на логоа и бои. Понекогаш се прогласуваат за Европски фронт, понекогаш за Национален фронт, денес под името НАИ, секој ден нов идентитет, само за да ја сокријат внатрешната криза и 22-годишните неуспеси, се вели во реакцијата на колицијата Вреди по најавата на ДУИ дека на локалните избори нивната коалиција Европски фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција (НАИ).

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е јасен показател за партија која не знае која е и каде оди. Еден ден зелена боја, следниот ден сина, но во секој случај, граѓаните ги гледаат истите луѓе, со истите неуспеси и истата корупција.
Во меѓувреме, ‘фронтот’ еден по еден, го напуштаат, турската партија, која беше сериозна сила со околу 20 илјади поддржувачи, си замина; Мендух Тачи си замина, и ова е само почеток. Силите што во минатото жестоко се судрија едни со други, денес се обидуваат да се сокријат под заедничко лого, но граѓаните добро знаат дека ова е само фасада. Од друга страна, Вреди никогаш не била поуникатна, никогаш пообединета. Го докажуваме ова секој ден, во секоја одлука и пред сè со нашите заеднички кандидатури, кои се надежта на граѓаните за промена.
Вредноста не се мери со променети логоа и бои, туку со конкретни дела за граѓаните. Во овој поглед, Вреди е единствената вистинска алтернатива за промени и развој. 22 години на власт, а сега мислат дека со промена на боите и името можат да ја избришат историјата на измами. Но, Албанците не забораваат: корупцијата, пазарењето и разочарувањата не се покриени со никакво ново лого.vОктомври ќе има само еден победник, а тоа е Вреди“, соопшти коалицијата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ