недела, 6 април 2025

Вреди: ДУИ не се грижи за правдата, туку за медиумското внимание

ДУИ ја игра улогата на жртва пред камерите, но и овој пат беа фатени во измама. Поднесоа иницијатива за анкетна комисија со само 16 пратеници, а Уставот бара најмалку 20. Значи, или не го знаат Уставот, или само сакаат медиумско шоу, се вели во реакцијата на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Вистината е едноставна: ДУИ не се грижи за Крешник Бектеши, ниту за правдата за Кочани. Плачат само за една работа – вниманието што секојдневно го губат. Тие не се во можност ниту да ја консолидираат сопствената пратеничка група, таканаречениот Европски фронт. Од 18 пратеници што ги има овој фронт, успеале да обезбедат само 16 потписи – ова повеќе отколку која било изјава говори за внатрешната состојба во оваа групација. Кога не можат да ги убедат ниту сопствените пратеници, како ќе бараат јавна правда?
И во оваа политичка паника која сè повеќе ги зафаќа секојдневно, ДУИ е подготвена да оди до крајност – да ги бојкотира локалните избори и да се обиде да предизвика политичка криза, само за да се спаси себе си.
Во меѓувреме, ние сме децидни дека со вистината нема да се манипулира. Бараме анкетна комисија за сите трагедии, не само за оние кои ДУИ ги користи за пропаганда – од Ласкарци, модуларната болница во Тетово, Беса транс, до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да ја игра улогата на селектор на болката и правдата“, соопшти Вреди.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ