понеделник, 15 декември 2025

Вреди: ДУИ ја призна својата вина за пописот, најголемата неправда кон Албанците

Вреди остро реагира на вчерашното скандалозно признание на ДУИ, кое претставува очигледни прифаќање на вината за еден од најтешките и неуставни акти против Албанците во Македонија, бришењето на дијаспората од пописот во 2021 година, се наведува во реакцијата на Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред очите на јавноста и медиумите, водачите на Демократската унија за интеграција признаа дека преговарале за методологијата на пописот, со која граѓаните беа вештачки поделени на ‘резиденти’ и ‘нерезиденти’, со што десетици илјади Албанци беа избришани од официјалните бројки.

Али Ахмети лично призна дека преговарале, а Бујар Османи бил дел од преговарачкиот тим. Ова јасно покажува кои се вистинските виновници за оваа национална неправда“, се вели во соопштението на Вреди.

Тие наведуваат дека ДУИ молчело повеќе години, но сега е време да даде одговори.

„Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот? Кој беше валканиот политички договор што го направивте и со кого? Зошто ја исклучивте дијаспората од одлучувањето, иако таа со децении придонесува за оваа држава?

Албанската дијаспора не е бројка што може да се тргува. Таа е дел од колективниот идентитет, институционалниот капацитет и националниот потенцијал на Албанците во Македонија. Бришењето на тие луѓе е не само емоционална туку и правна елиминација на нивното постоење“, велат од Вреди.

Освен тоа, бараат од ДУИ одговори на уште неколку прашања.

„ДУИ мора да одговори: дали новите коалициски договори и заеднички листи за локалните избори се нов обид за амнестија на ова срамно дело? Дали новите партнери на ДУИ молчат, за да заборавиме на оваа национална катастрофа?

Да потсетиме: многу од оние кои беа избришани од пописот ја напуштија државата токму поради корупцијата, сиромаштијата и непотизмот што ги продуцираше ДУИ во последните две децении.

Ние од Вреди нема да молчиме. Ќе има одговорност за политичарите, за директорите и за институциите што ја потпишаа оваа неправда. Следува правдата“, порачуваат од Вреди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ