„Истата таа ДУИ која денеска зборува за застапеност, била 20 години на власт и за тоа време ги оставила Албанците со нула застапеност во многу клучни државни институции. Еве неколку докази за оваа хипокризија: 0 Албанци во Специјалната единица „Тигри“, 0 Албанци во Специјалната единица „Волци“, 0 Албанци во Единицата за брза интервенција, 0 Албанци во Дирекцијата за слободни економски зони, 0 Албанци во Академијата на науките, 0 Албанци во Агенцијата за филм…
ДУИ нема право да зборува за застапеност, таа е партијата што ја предаде Охридската рамковна спогодба и крвта на мачениците кои се бореа токму за правична застапеност и еднаквост во секоја институција.
За ДУИ, Албанците во овие институции беа еднакви на нула!
Нема повеќе да дозволиме лагите да станат стандард. Ќе продолжиме да ја кажуваме вистината, да ја разобличуваме секоја институција каде Албанците се исклучени и да работиме за вистинска еднаквост!
А колку ние се грижиме за Албанците, покажува и фактот што само за една година владеење го донесуваме Законот за правична и соодветна застапеност, кој покрај подобрувањето на застапеноста, гарантира и поквалитетен кадар, професионалци со реално влијание во носењето одлуки. Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање. Доста со лаги, откриени сте“, соопшти Вреди.
Вреди: ДУИ 20 години на власт, а 0 Албанци во неколку клучни државни институции
ДУИ секојдневно шири ниски и бесрамни лаги против владењето на Вреди, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења за наводно намалување на застапеноста на Албанците во институциите. Но вистината е поинаква, а фактите говорат јасно, се вели во реакцијата на коалицијата Вреди.

Објавено на
часот