понеделник, 23 февруари 2026

Вреди: Дали Артан Груби ќе им го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ

Политичкиот субјект кој прв се огласи по приведувањето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби, кој беше во бегство од правдата во Македонија, е коалицијата Вреди. Нивното клучно прашање е дали Груби ќе  го зададе фаталниот удар на Ахмети и на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Црната кутија за владеењето на ДУИ, конечно, се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа Мала Речица се тресе од страв бидејќи не знаат за што сè е подготвен да проговори Артан.

Откако ДУИ катастрофално изгуби на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Владата, на Артан не му останува ништо друго, освен да се соочи со сопствените гревови. Но, кој сè ќе оди курбан заедно со него – допрва ќе видиме“, се вели во соопштението на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ