„Потетуваме дека Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата. Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор.
Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки ‘амнестии’ за моќни луѓе.
Куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња“, соопшти Вреди.






