Од Вреди го поздравуваат официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој беше заокружен вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште, и им честитаат на кандидатите на опозицијата Валбон Лимани и Исен Шабани за изборната победа.
„Овие избори јасно докажаа дека Албанците зборуваа со еден глас. Десетте освоени општини се неоспорен доказ дека Вреди е политичката локомотива на Албанците, силата што води, обединува и носи долгоочекувана промена на локално ниво“, велат од Вреди.
Од коалицијата додаваат дека ќе продолжат да работат одговорно, во интерес на граѓаните и Албанците насекаде, претворајќи ја добиената доверба во конкретна работа и вистински развој.






