„Со одлуката за 100 нови амбулантни возила, во вредност од над 461 милион денари, се обезбедува побрз одговор на итни случаи, поефикасен транспорт на пациенти и подобра покриеност низ целата земја, како во градовите, така и во руралните средини.
Во исто време, се решава еден од најстарите и најиритирачки проблеми, паркирањето во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Со отстранувањето на административните пречки, се отвора патот за ред, модернизација, зголемени капацитети и организиран пристап за пациентите и медицинскиот персонал.
Коалицијата Вреди високо ја цени решителноста и сериозноста на министерот Азир Алиу, кој докажува дека здравството не се реформира со зборови, туку со храбри одлуки и конкретна работа за здравствена заштита што функционира, за држава што се грижи“, соопшти Вреди.






