петок, 5 декември 2025

Вранишковски останува во затвор

Објавено на

часот

Сподели

Сега се очекува одлука на велешкиот основен суд дали ќе има повторно рочиште.

Јордан Лазаров, претседател на судот во Велес, изјави дека наскоро судот повторно ќе одлучува за случајот „Вранишковски“, по што ќе се знае дали ќе има повторување на судскиот процес во кој тој е осуден за проневера на 250 илјади евра, или ќе продолжи да ја издржува затворската казна од две и пол години.

Велешкиот суд пред една година го осуди Вранишковски во отуство за незаконско трошење пари што ги зел од црквите и од манастирите во Повардарската, Брегалничката и Пелагониско-преспанската епархија.

Вранишковски беше приведен пред еден месец кога влезе во државата, по што неговите адвокати побараа од судот во Велес ново судење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ