петок, 9 мај 2025

Вработените во затворот во Штип со поинаква верзија за случајот со барањето дрога во дворот

Верзијата на настаните што ја презентираа директорот на Дирекцијата за извршување санкции Александар Пандов и директорот на затворот во Штип Дејанчо Здравков, е невистинита, манипулативна, со неточни податоци, а реалната слика за настаните во установата била намерно сокриена. Ова во писмото до локалните медиуми го вели група вработени во казнено-поправната установа Затвор – Штип.

 

Објавено на

часот

Сподели

На 9 април Пандов и Здравков на конференција за медиумите обвинија дел од затворските полицајци дека му помагале на затвореник да ја бара дрогата фрлена во дворот на затворот од негов пријател. За овој настан беше покажана и видео снимка.

Во демантот на вработените се наведува дека откако биле забележани лица кои однадвор фрлиле сомнителни предмети преку безбедносниот ѕид, веднаш почнала потрага по нив. Иако ноќната акција не дала резултати, рано наутро бил повторно прегледан периметарот, по што била пронајдена најлонска кеса со прашкаста и тревкаста материја, велат дел од вработените.

„По пронаоѓањето на кесата, веднаш беа известени директорот и СВР – Штип. Полицијата пристигна, изврши увид и предметите беа предадени за понатамошна обработка. Сето тоа е евидентирано во дневниот извештај и во полицискиот билтен. Не е точно дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на законот или во корист на осудено лице.

Директорот на установата во случајот со осуденото лице Ж.Ж. лично давал дозволи за посети надвор од работното време, преку телефонски повици до одговорниот на смена. Тој даваше дозволи за вонредни пакети.

Сите дозволи се заведени во рапортните книги, но тоа не беше јавно кажано. Време е вистината да излезе на виделина,“ порачуваат вработените, повикувајќи на одговорност, транспарентност и објективно информирање на јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ