понеделник, 8 декември 2025
СУТКОЗ

Вработените во „Комуналец“ го викнаа директорот Рустеми на состанок да прашаат зошто нема плата, ама тој не дојде

СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека вчера ,Ивршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието. На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, односно директорот на претпријатието, Сабахадин Рустеми, но тој не се појавил на состанокот и Управниот одбор на претпријатието.

Објавено на

часот

Сподели

Од синдикатот посочуваат дека веќе неколку месеци платите на вработените се исплаќаат со задоцнување, иако, според нивните информации, на сметката на претпријатието редовно се префрлаат средства од наплатените сметки на граѓаните.

„И покрај доцнењето со исплатата на платата за месец септември, вработените совесно ги извршуваат своите обврски со ограничените ресурси што ги имаат. Недостигаат камиони за собирање смет, а дел од постојните не се во возна состојба поради недостиг на резервни делови“, велат од СУТКОЗ.

Од таму додаваат дека одговорноста за ваквата состојба не е кај вработените, туку кај раководството на претпријатието, кое, како што велат, не презема мерки за решавање на проблемите.

„Вработените и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки што им стојат на располагање согласно законите и колективните договори – од поднесување кривични пријави до известување на Државниот инспекторат за труд. Притоа, ќе водиме сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен, ниту здравјето на граѓаните на Скопје“, порачуваат од синдикатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ